Жозе Мурињо инсистираше на тоа дека освојувањето на Лига Европа е многу поголемо достигнување од завршувањето на првите четири позиции во Премиер лига, изјава која ја даде четири години откако не сакаше да мислат неговите играчи дека одат на ЛЕ.
Кога на 14 мај загуби од Тотенхем, за Манчестер Јунајтед тоа значеше и математички загубени шанси за топ 4 и освојувањето на Лига Европа им остана единствениот начин да стигнат до посакуваното место во елитата.
Мурињо почна да одмора дел од првотимците со интенција да се концентрираат на мечот кој слободно може да се каже дека им е најважен оваа сезона, нешто што сигурно немаше да го направи откако го наследи Рафа Бенитез која ја освои ЛЕ со Челси.
„Не сакам да ја освојам Лига Европа. Тоа би било разочарување за мене. И не сакам моите играчи да ја чувствуваат Лига Европа како наше натпреварување“, изјави Мурињо за БиБиСи во 2013-та година.
2017-та по освојувањето на ЛЕ:
„Ова е мојот најважен трофеј во кариерата. Се разбира дека ЛШ е поголема од ЛЕ, но тоа е последниот трофеј и моментот кога чувствата се под кожата“.
2017-та пред освојувањето на ЛЕ:
„Не знам како размислуваат другите клубови и не знам што е важно за нив. Во Манчестер Јунајтед за нас е поважно да освојуваме трофеи, отколку да завршиме во топ 4. Така што ако можеме да освоиме трет трофеј или ако сакате втор би било прекрасно. Знаеме дека е голема цел и дека ако го загубиме финалето нема да играме во ЛШ. Но ние се бориме за трофеи и сигурно дека екипите од првите 4 позиции би сакале да бидат во наша позиција“.
Она за што Мурињо пред четири години изјавил дека не му е важно, факт е дека сега го прави херој, бидејќи со освојувањето на Лига Европа, освен што му го донесе првиот ваков трофеј на клубот, му обезбеди директен пласман во ЛШ и финале во Супер Купот на Европа кој се игра во Скопје на 8 август.
Најдиректно кажано „The Special One“ е голем курназ бидејќи во деби сезоната му донесе тројна круна на Јунајтед: Лига Куп, Лига Европа и Комјунити Шилд, а за два и пол месеци може да му донесе и четврти трофеј на Манчестер во период од точно една година.
Еве како ги тераше на крај играчите да гестикулираат накај камерата.
Arch Mourinho. Directing team to raise three fingers, forcing newspapers to celebrate United's "treble" on their back pages pic.twitter.com/pFMJAoek7t
— Men in Blazers (@MenInBlazers) May 24, 2017