Бисерот на Барселона од натпревар во натпревар покажува дека е најблизок фудбалер до Меси што се појавил во скоро време. Јамал им помогна на навивачите на Барса да се утешат што Лионел замина, а младиот Ламин беше еден од најзаслужните за европската титула на Шпанија (освои Европско со само 17 години). Синоќа во четвртфинале на Лига на Нации против Холандија беше стрелец на еден гол.