Шефот на УЕФА, Словенецот Чеферин откри каков би бил фудбалот во иднина

Првиот човек на УЕФА пред неколку дена дал големо интервју за францускиот JDD и отворено одговорил на некои остри прашања: за тивката војна со ФИФА, за неуспешниот финансиски фер плеј и бесконечните турнири кои веќе ги презаситија љубителите на фудбалот.

СВЕТСКО НА 2 ГОДИНИ Е ФАНТАЗИЈА НА ИНФАНТИНО

„Сигурен сум дека тоа нема да се случи, зошто таа идеја е целосна бесмислица. Популистички проект кој ќе го уништи фудбалот, меѓудругото и женскиот. Не сум сигурен дека они не сфаќаат, ама сигурен сум дека ги слушаат незадоволните навивачи, власти, држави, Европската унија“, вели Чеферин и категорично одбива каква било идеја за Светско првенство на секои две наместо како досега традиционално на четири години поради што има голема драж.

ЗОШТО ТОГАШ УЕФА ГИ ВИКА ЈУЖНО-АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ЛИГА НА НАЦИИ? КАКО ОДГОВОР НА ФИФА?

„Не, тоа одамна го разгледувавме. Ние потпишавме меморандум за меѓусебна соработка. Во моментов не можам точно да кажам кога таа соработка ќе излезе на виделина. А во иднина не гледам причина да не се повика уште некој (јужно-американските репрезентации да бидат дел од Лига на нации)“.

ЗОШТО ТОГАШ УЕФА ЈА СОЗДАДЕ ЛИГА НА КОНФЕРЕНЦИИ? НЕ ЛИ Е ТОА МНОГУ ФУДБАЛ?

„Така викаат и жена ми и ќерките, но јас не сметам така. Лига Конференции е одлично натпреварување, зошто ги обединува сите кои поминале во еврокупови, со добри тимови. Еве ви прав пример: шампион на Словенија е Мура. Нивниот буџет е два милиони евра. А веќе заработија три милиони евра со пласман во Лига Конференции“.

ЗОШТО СЕ ЗБОРУВА ЗА ФАЈНАЛ ФОР ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ?

„Ние уште не сме го разгледувале тоа конкретно поради пандемијата, но би било добро. Јас ја начнав таа тема со неколку претседатели, меѓу нив и Насер Ал-Хелаифи (ПСЖ) и тие ја поддржуваат идејата. Фудбалот е попопуларен од НФЛ (американски фудбал), но Супербоул е најголем настан. Ние треба да ја решиме еднаквоста - како да се компензираат загубите поврзани со тоа што во полуфинале нема да имаат приход од домашни натпревари“.

ВО 2024 ЛИГА НА ШАМПИОНИ ГО МЕНУВА ФОРМАТОТ. ЗОШТО СЕ МЕНУВА И КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА?

Станува збор за турнир од 36 екипи без двоење во групи, а ќе играат и топ клубови со wild-card. Ќе има една група, една табела, нешто како во кошаркарската Евролига.

„Тоа е резултат на долги дискусии со ECA (Асоцијација на европски клубови). Клубовите секако сакаат повеќе приходи. Но таканаречениот „швајцарски“ систем треба да биде поконкурентоспособен и поинтересен за навивачите“.

ТОА Е КОМПРОМИС ПОРАДИ СУПЕРЛИГАТА?

„Не. Уште во 2019-та го дискутиравме тој затворен формат на Лига на шампиони, но немавме исти мислења. Мислам дека оттука почнаа сериозно да работат над Суперлига“.

СУПЕРЛИГА Е РЕАЛНОСТ?

„Не. Во крајна мера, не во следните десет години. Никој не ја сака таа Суперлига освен некои кои мислат дека фудбалот е само пари“.

ШТО Е СО НОВИОТ ФИНАНСИСКИ ФЕР ПЛЕЈ?

„Тоа ќе биде на дневен ред во март или мај. Ние треба да најдеме решение на крајот од сезоната. Треба да се најдат можности за да се подобри конкурентна рамнотежа. Едни те исти пет клубови не може стално да победуваат“.

ПЛАНИРАТЕ ДАНОЦИ НА РАСКОШ, ДАЛИ Е ТОА ПРЕДНОСТ ЗА КЛУБОВИ СО НЕОГРАНИЧЕНИ БУЏЕТИ КАКО ПСЖ ИЛИ МАНЧЕСТЕР СИТИ?

„Тоа е вистина, но од друга страна, ако тие пари бидат прераспределени меѓу другите клубови, тоа ќе им одговара и нив. Најголем проблем е што мораме да ги распределиме инвестициите инаку ќе одат на друго место, така мора да ги контролирате. Идејата на даноци на раскош не знам дали ќе успее, но би значел висок процент, надомест за оние кои ќе го почитуваат финансискиот фер плеј“.

8 февруари 2022 - 15:35