Холандија беше доминантна во текот на целиот натпревар, но сепак на крајот не успеа да се спаси од пораз.
Арјен Робен го погоди дирекот, а Робин ван Перси и Клас Јан Хунтелар имаа неколку можности, но не успеаа да го совладаат голманот Андерсен.
Со овој неуспех, избраниците на селекторот Ван Марвијк си ја компликуваа ситуацијата и доколку сакаат пласман во следната рудна од Европскиот шампионат ќе мора да забележат победа во следните два дуели против селекциите на Португалија и Германија.