Сега па им сметало што Шевченко седел со Ѓоковиќ

Украинскиот фудбалер Роман Зозулја, некогашен репрезентативец на оваа земја, остро го нападна легендарниот Андриј Шевченко. Само затоа што иконата на Милан седел до неговиот пријател Новак Ѓоковиќ на мечот Интер - Милан во Лига на шампиони.

Роман Зозулја е украински центарфор, кој од Динамо Киев и Днипро тргна во Шпанија и таму настапуваше за Бетис, Албасете и Фуенлабрада.

Во еден момент кога потпиша договор со Рајо Ваљекано, клуб чии навивачи се жестоки осведочени левичари уште од времето на генерал Франко, го набркаа буквално на сила Украинецот кого го обвинуваа дека имал про-фашистички ставови, дека се сликал со нацистички обележја и дека таков фудбалер не им треба во клубот.

Поради тоа што во истата сезона веќе потпиша со два клуба, тој до крајот на сезоната не можеше да игра за друг клуб.

Тој негираше и се бранеше дека немал апсолутно ништо со таа идеологија и дека е само патриот кој си ја сака својата земја.

Сега на својот Инстаграм профил до фотографијата на која се гледа како Шевченко и Ѓоковиќ од ВИП ложата го следат дуелот Милан - Интер (0:2) прокоментирал:

„Ако те поканат на фудбал, а до тебе седи спортист со отворени проруски погледи, тогаш ти априори не можеш да му се придружиш во блиска околина.

Здраворазумен Украинец со тоа гомно не седни на ист хектар заеадно. Така како што седи нашата национална гордост?! Знае ли Шевченко дека седи со Ѓоковиќ? Дека тој и татко му се активни русофили? Дека он е за враќање на спортистите од Руска Федерација во спортот? Очигледно дека знае“, напишал украинскиот фудбалер Роман Зозулја на својот Инстаграм профил.

Новак Ѓоковиќ досега на секое прашање од новинарите за воениот конфликт меѓу Украина Русија децидно одговараше дека сака што поскоро да заврши и дека ако некој ја знае страшната страна на војните, тоа е тој и неговото семејство.

Инцидент во Рим: Британецот Нори го удри Ѓоковиќ

Ѓоковиќ со исповед од Рим за Австралија: „БиБиСи кратеше некои зборови од интервјуто“

16 мај 2023 - 14:42