Сантос бркаше дома победа над Форталеза за да се спаси, но загуби 1:2 и тоа со гол во 96-та минута. На стадионот настана тотално бунило и тага, плачеа играчите, стручниот штаб, навивачите...
По мечот надвор беше хаос и опасно да се движи човек по улица. Бесните навивачи палеа што ќе стигнат, а настрада и колата на еден од фудбалерите.
Славниот Сантос се сели во второлигашки ранг за прв пат во својата 111 годишна историја.
За овој клуб имаат играно низа на познати играчи како Нејмар, Робињо, Дунга, Зе Роберто, Алекс Сандро, Диего, Родриго, Данило, Фелипе Андерсон...
Но Сантос пред сè е асоцијација на Пеле на кој му ја посвети речиси цела кариера. Играше во периодот 1956-1974, а на Википедија му стојат 1.106 настапи и 1.091 гол.
Пеле со Сантос освои вкупно 25 трофеи и тој е единствениот бразилски клуб со три титули во Копа Либертадорес (1962, 1963 и 2011).
Инаку титулата во бразилската Серија А ја освои Палмеирас кој има вкупно 12 титули, четири во последните седум години.
Absolute despair as Santos are relegated to the Brasileirão Série B for the first time in club history. 😢 pic.twitter.com/vDZzZ4fOQK
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) December 7, 2023
The car of Santos player Mendoza, was set on fire by fans after the team was relegated 😳 pic.twitter.com/5snZyaZce7
— Neymoleque | Fan 🇧🇷 (@Neymoleque) December 7, 2023