Само тројца голмани во историја дале гол од игра во Лига на шампиони

Украинскиот голман Анатолиј Трубин од синоќа влезе во историјата откако стана прв голман што некогаш му дал гол на Реал Мадрид, а победата на Бенфика од 4:2 над „кралскиот клуб“ ќе се памети и како средба на која само трет пат голман дал гол во историјата на ЛШ.

Пред Анатолиј Турбин маестрално во стилот на расни центарфори да ја забие со глава топката во мрежата на Реал, гол во Лига на шампиони дадоа и голманите Синан Болат за Стандард Лиеж против АЗ Алкмар во 2009-та година:

Како и Иван Проведел со феноменален гол за Лацио против Атлетико Мадрид скоро во 2023-та година за 1-1 во 90+4' минута:

Уште двајца голмани постигнале гол во Лига на шампиони но од пенал: Германецот Ханс Јорг Бут кој цела своја кариера во Хамбург, Баерн Минхен и во Баер Леверкузен изведуваше пенали, како и Нигериецот Венсан Енејама како голман на Хапоел Тел Авив погоди од пенал на дуел од ЛШ.

Голманот на Бенфика му даде гол на Реал Мадрид и обезбеди осминафинале

29 јануари 2026 - 11:01