Голманот на Бенфика му даде гол на Реал Мадрид и го исфрли од Топ8

Жозе Мурињо и Бенфика се пласираа во доигрување за осминафинале во Лига на шампиони откако во последното коло на својот „Луж“ со 4:2 го совладаа Реал Мадрид кој ќе мора исто да оди во доигрување наместо директно во 1/8 финале. Голманот Трубин е јунак на Португалците.

При резултат 3:2 за Бенфика, домашните фудбалери задоволно ја чуваа топката но публиката со свирежи и реакција ги потсети дека им фали уште еден гол за да се пласираат во доигрување за осминафинале како последна екипа на тој пат.

И затоа Жозе Мурињо го прати домашниот голман кој само неколку секунди претходно задржувше време, во противнички шеснаесетник. Трубин постигна прекрасен гол со глава после центаршут од прекин во 90+8' минута за 4-2!

Оваа вест одекна во целиот фудбалски свет па на голманот Анатолиј Трубин од Украина му честитаа од сите страни. Пеп Гвардиола му се заблагодари на Мурињо за тоа што со триумфот на Бенфика од 4:2 над Реал Мадрид, Манчестер Сити обезбеди пласман во Топ8. 

Реал Мадрид прв поведе преку Мбапе во 30' минута но домаќините набрзо направија голем пресврт и со головите на Шјелдруп и расниот стрелец Василис Павлидис имаа 2-1 на полувреме.

Шјелдруп на старт на вториот дел во 54' минута зголеми на 3-1, а Мбапе намали на 3-2 во 58-ма минута.

Во финишот Реал Мадрид влезе со двајца играчи помалку откако прво Асенсио доби втор жолт и црвен во 90+2' од судиско продолжение а веднаш потоа и Родриго во 90+6'.

Во 90+8' Трубин го постигна сензационалниот гол кој уште долго ќе се раскажува. Украинскиот голман стана прв голман кој му дал гол на Реал во историјата на Лига на шампиони.

„Кралскиот клуб“ ќе мора преку бараж да стигне до осминафинале.

Standings provided by Sofascore
29 јануари 2026 - 07:17