Салах имаше најголемо промашување во кариерата

Ливерпул синоќа играше кај Брајтон на гости во рамки од претпоследното коло во Премиер лига. Црвените се шампиони уште пред 15-ина дена, па натпреварот им немаше преголема важност. Водеа 1-2, а Салах при тој резултат можеше да стави печат на нова победа. Промаши како никогаш во кариерата. Салах (28 гола, 56 поени) е во трка со Виктор Ѓекереш (39 гола, 58,5 поени) и Килијан Мбапе (28 гола, 56 поени) за наградата Златна копачка за најдобар стрелец во Европа.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: EPA Images

Мохамед Салах сезонава е најдобар фудбалер во Премиер лига и еден од кандидатите за Златна топка за најдобар светски фудбалер за сезонава. На 51 натпревар за Ливерпул во сите турнири (Премиер лига, Лига Куп и Лига на шампиони) има 33 гола и 23 асистенции што е чудесен учинок.

Бонус:

Трент Александер-Арнолд пред навивачите на крајот:

20 мај 2025 - 08:07