
Светското клупско првенство летово беше генерална проба за во САД да видат како би изгледал таков масовен фудбалски собир.
Најголеми поплаки имаше од големите и тешки летни горештини и влага, па така ќе треба да се изнаоѓаат термини кои ќе им одговораат на сите временски зони ширум светот а во исто време да им овозможат на играчите да трчаат по малку од малку нормални временски услови.
САД има добра инфраструктура, дури 11 НФЛ стадиони ќе се користат за потребите на Светското фудбалско првенство а во просек имаат капацитет од 70.000 седечки места што е одлично, но на повеќе од нив тревниците не соодвестуваат со оние фудбалските па така тренерот на ПСЖ Луис Енрике се жалеше летово дека „топката отскокнувала како зајак на таквиот терен“.
Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино за грижите за големи горештини изјави дека ќе инсистираат стадионите да бидат затворени за време на натпреварите и климатизирани истовремено. ФИФА ќе дозволи и подолги паузи на теренот за освежување на сите учесници.
Во однос на цените за кои многу навивачи летово на Светското клупско првенство изјавија дека им се скапи, ФИФА и домаќините ќе мора да изнајдат правилно решение и да ги намалат ако не сакаат да им се повтори бламот кога повеќето стадиони беа полу-празни летово на СКП.
Пример за мечот на отворање меѓу Интер Мајами и Ал Ахли цените биле 349 долари пред да паднат на 55 долари откако организаторите сфатиле дека интересот не е баш голем за толку скапи карти.