
Пеналот кој му го одбрани данскиот голман Каспер Шмајхел:
Во второто полувреме Кристијано Роналдо (40) даде гол во 72-ра минута и тоа беше негов 929-ти во кариерата со што уште малку се приближи до неговата цел, магичната бројка од 1.000 погодоци на официјални натпревари.
Португалецот стана и прв фудбалер во историјата кој цели 22 години по ред игра и дава голови за репрезентациајта. Кристијано има фантастични 136 гола за Португалија и е апсолутен рекордер (Меси има 112). На клупско ниво Роналдо има 739 голови на официјални натпревари.
Ова беше 32-ри промашен пенал за Роналдо од 205 изведени во кариерата на официјални натпревари. Лионел Меси има 109 погодоци од 140 изведени пенали.
Со 6 постигнати погодоци Кристијано Роналдо во моментов е прв стрелец во Лига на Нации а го чека и завршниот турнир Фајнал Фор од истото натпреварување кое ќе се игра во Германија (Минхен и Штутгарт). Португалците ќе играат против домаќинот Германија, а Шпанија против Франција.