Романија киксираше, Македонија е на една победа до бараж за Светското во Катар

Македонската фудбалска репрезентација вечерва добива уште поголема причина за да биде посреќна за триумфот над Ерменија, кој сега станува многу повреден, откако Романија не успеа да го совлада Исланд.

Иако Романците важеа за фаворити и на две кола беа најблиску до освојување на втората позиција, сега таа и припаѓа на Македонија.

Момците на Боби Милевски ја торпедираа Ерменија со 0:5 и чекаа разврска од мечот Романија - Исланд кој стартуваше од 20:45.

Оваа средба заврши нерешено, а тоа носи пресврт во корист на нашата репрезентација, која има отворен пат до прв историски пласман во бараж за Мундијалот во Катар кој се игра следната година.

За да влезе во таа жестока битка, Македонија треба во недела да го совлада Исланд на домашен терен и воопшто да не размислува на исходот од мечот Лихтенштајн - Романија.

Табелата вака е милина за гледање и таква и да остане. Во недела во 18:00 часот, сите на Градски.

Последно коло 14 ноември, 18:00 часот:

Македонија - Исланд

Лихтенштајн - Романија

Ерменија - Германија