Рома владее со Рим, „волчицата“ го победи Лацио

Рома го победи Лацио кој беше номинален домаќин попладнево на „Олимпико“ во Рим во првото римско вечно дерби играно во таков необичен термин од 12:30 часот. Рома славеше 0:1 со гол на капитенот Лоренцо Пелегрини кој прецизно шутираше од далечина во 38' минута на додавање на Матијас Суле. Во финишот на мечот фудбалерите на Лацио ги изгубија нервите па заслужено добија два црвени картони во рок од десет минути, прво Балајан а после Матео Гендузи надвор од теренот.

Epa Images
Epa Images
Photo: EPA Images

Пред натпреварот и двете најверни трибини, оние зад двата гола, северната каде стојат навивачите на Лацио и јужната каде традиционално стојат романистите повторно блеснаа со спектакуларни кореографии:

После 4 одиграни натпревари, Рома е 4-та на табела со 3 победи и 1 пораз а Лацио на 14-то место со 1 триумф и дури 3 порази.

 

21 септември 2025 - 18:34