Рома му го донесе евро пехарот на најстариот свој навивач и го изненади дедо Џорџо

Дедо Џорџо има 96 години и важи за највозрасниот сезонец на Рома. Скоро цел свој живот поседува сезонска карта и ја бодри „римската волчица“ откако знае за себе. Клубот сега реши да му го разубави летото и го изненади со домашна посета со највредниот пехар, освоен во Лига Конференции, прв евро трофеј на Рома во клупската историја.

4 јули 2022 - 09:28