Ретро репортажа со Фиорентина и Јуве

ТВ прилогот почнува врхунски добро и нетипично за еден новинарски извештај. Судијата се загрева како во школо на физичко и давај изјава по гаќи и рамбовка објаснувајќи дека и тој треба да биде тип топ физички спремен за 90 минути трчање.

Фиорентина го има Паоло Пуличи, трикратен најдобар стрелец во Серија А и Даниел Пасарела, двократен светски првак со Аргентина. Јуве го води Трапатони, а во игра се Платини, Тардели и Бониек. Зборуваме за сезона 1983/1984. Не го паметиме ова, не сме толку стари, ама од тоа што го гледаме во видеото изгледа дека се играло доста квалитетен фудбал во тоа време. Скудето за Јувентус, трето место за Фиорентина.

25 април 2016 - 16:44