Реал Сосиедад го освои својот трет трофеј во шпанскиот Кралски Куп.
Натпреварот почна неверојатно откако Сосиедад даде гол уште во 14-та секунда! Андер Баренечеа стана сопственик на најбрзиот рекорден гол во финалињата кое претходно го држеше уште од 1952-ра година Мануел Баденес од Валенсија.
Баскиецот Баренечеа постигна прекрасен гол со глава по центаршутот на Гонзало Гедеш и го совлада Хуан Мусо. Но веќе во 18' минута израмни Адемола Лукман со прецизен шут.
До крајот на првиот дел на дуелот кој се играше на големиот стадион „Картуха“ во Севиља каде обично игра шпанската фудбалска репрезентација, голманот Хуан Мусо направи пенал при обид да ја „боксува“ топката.
Капитенот на Сосиедад Микел Ојарзабал беше сигурен и Баскијците имаа водство 1-2 на полувреме.
Во вторите 45 минути Сосиедад се повлече во својот шеснаесетник а Атлетико Мадрид бараше ново израмнување.
Во 83' минута Хулијан Алварез искористи топка на Тиаго Алмада и со прекрасен гол донесе огромна радост на навивачите на Атлетико Мадрид:
Продолженијата не донесоа нови голови па се прејде на пенали. А таму јунак беше резервниот голман на Реал Сосиедад кој цела сезона бранеше во Купот, Унаи Мареро кој прво го одбрани шутот на Александар Сорлот а потоа и на Хулијан Алварез.
Голманот на Атлетико Мадрид Хуан Мусо одбрани еден пенал но до крајот Сосиедад погоди се и заслужено славеше трет пехар во Купот на Кралот во својата историја.