Рафиња го доби тоа што го бараше, па налета на аргентинскиот голман Мартинез

Во разговор со легендарниот Ромарио, само 2-3 дена пред големото Суперкласико со Аргентина, Бразилецот Рафиња кој игра фантастична сезона употребил некои неумесни зборови и вулгарно се изразил на прашањето на Ромарио што ќе и направите на репрезентацијата на Аргентина? На крај Аргентинците со 4-1 го демолираа Бразил, а после мечот Рафиња се најде во небрано на преполниот „Монументал“. На цела мака му налета и најголемиот провокатор, голманот Дибу Мартинез.

Леандро Паредес, аргентинскиот репрезентативец после дербито со Бразил за изразите на Рафиња рекол: „Не смееш да зборуваш така претходно, не смееш да кажуваш такви работи кога не можеш да ги поддржиш на теренот. Си го пративме во Вотсап групата тоа што го кажа и го дискутиравме. Кога и да се случат вакви работи, веднаш стоиме еден за друг на теренот“.

Претходно во текот на натпреварот Отаменди му се сипа на Рафиња и му викал: „Помалку да зборуваш!“ 

Навивачите на Аргентина во еден момент скандирале: „Стави го Рафиња“ иронично како да не е во игра иако го одигра цел натпревар:

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони во многу пристојна изјава ги смирил страстите: „Му простувам на Рафиња затоа што знам дека не го направил (рекол) тоа намерно, туку си ја брани земјата. Сигурен сум дека не го кажал за да навреди некого. Нема потреба од соопштенија за натпревар да се одигра вака. Ние не одигравме така добро поради тоа“.

Аргентина го разби Бразил и покажа зошто е светски шампион

26 март 2025 - 08:37