Фудбалската репрезентација на Србија по настапот на Светско првенство 2022, обезбеди и пласман на Европско 2024.
Но во квалификациите Србите беа во прилично скромна група со Унгарија, Црна Гора, Бугарија и Литванија а со сите едвај стигнуваа до бодови и речиси од сите примија по најмалку гол.
Јавноста беше огорчена од слабите игри на репрезентативците и веднаш распалија по селекторот Пикси кој во меѓувреме ништо не менуваше по дебаклот на Мундијалот 2022.
Фама се крена откако прославениот ас на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ објави дека „селекторот Пикси и неговиот стручен штаб во речиси две години заработиле огромни 16 милиони евра“ што е неверојатно дури и за големи велесили како Германија, Шпанија, Франција, Англија...
Стручниот консултант Раде Богдановиќ потврди дека Пикси месечно заработува 120.000 евра што не е сразмерно со животот во Србија, но дека не е крив за тоа што сојузот му го понудил, а селекторот на оваа констатација во интервју за Спортски Журнал одговорил: „Кој е тој Раде“?
И тој Раде ги заврати ракавите во ново гостување, во емисијата Попладне на тв УНА:
„Пикси вика дека не ме знае? Еве, да му се претставам... Затоа што Пикси вели дека не ме знае, ќе му се претставам. Роден сум во Сараево, од татко Слободан и мајка Нада. Роден во општина Ново Сааево, по потекло од село Тилава. Затоа што не ме знае, ќе му кажам како ме познава.
Еден месец пред да побегне од Србија, дојде во Македонија, на Дојранско езеро за да полага за профи лиценца и потоа да отиде во Јапонија како тренер. Полагаше по скратена и привилегирана процедура, а јас случајно тогаш почнував да се занимавам со тренерскиот занает.
Отидовме 6-7 тренери и 3-4 љубовници, бевме сместени во еден хотел покрај езерото, а Пикси доби соба баш спроти мојата. Еден ден отиде да се тушира, а никој не му кажа дека немаме вода топла затоа што има рестрикција. Знам дека добро ме познава затоа што излезе од собата, со пена од шампон на главата и со пешкир околу половината и ме праша: Богдан, имаме ли топла вода? Јас му одговорив дека нема поради рестрикциите од 8 до 18 часот, така што знам дека добро мене познава“
Па доби лиценца по скратена постапка. Ментор сам бираше, од Франција му беше. Не даваше ментор да му биде човек кого го викаа Свиња. Така што мислам дека ме знае.“, се присети Богдановиќ и го потсети Драган Стојковиќ.