„Како после него ќе убедите некој добар тренер дека не може да има толку висока плата“, реторички праша Видиќ а стручниот консултант Раде Богдановиќ вели дека „платата на Пикси е 120.000 евра месечно, дека земал 1,5 милиони за пласман на Светско првенство и 1,1 милион за пласман на Европско но дека Пикси не е крив за тоа што некој му го понудил од сојузот. Несразмерни пари во однос на нашиот живот овде“, вели Богдановиќ.
Некогашниот фудбалер на Вердер Бремен и Атлетико Мадрид отворено и слободно зборува на секоја тема па и сега вели “дека српскиот селектор не е транспарентен и не открива колку заработува, а заработува многу повеќе од сите селектори на сребрените кошаркари, златните кошаркарки, златните одбојкари и одбојкарки, ракометари заедно итн“.