
Жален момент летово за тифозите на Милан беше што од клубот си замина и последниот член од династијата Малдини. По Паоло, на 10-ти јули на позајмица во Емполи беше пратен и неговиот син Даниеле Малдини.
Ова значи дека во системот на клубот за првпат после 1978-ма година нема да има ниту еден Малдини.
ДИНАСТИЈА МАЛДИНИ
Во 123 години богатата историја на Милан, дури 45 години активно имало претставник на семејството Мадлини. Во јануари 2021-ва година бројот на настапи за Милан од фамилијата Малдини достигна јубилеј 1.000.
Династијата почна со Чезаре Малдини кој од 1950-та бил играч, па беше тренер и на крајот стана и технички директор.
Најголема клупска легенда од семејството секако е Паоло Малдини. Тој од 10 години бил во структурата на клубот. Откако ги поминал сите младински категории, дебитираше за првиот тим, стана капитен, освои шампионски скудета и пехари во Лига на шампиони.
А по крајот на кариерата доби улога во клубот.
Него на терен го наследија неговите синови, внуците на Чезаре. Постариот, Кристијан, по примерот на татко му и дедо му стана бек и стопер, но не дебитираше за прв тим. Стигна само до примавера каде беше капитен. Минатата сезона сега 27-годишниот Кристијан одигра 3 меча за екипата Леко во Серија Ц. Овој клуб се пласирал во погорна лига но од 1-јули Кристијан е слободен играч откако му истекол договорот.
Даниел Малдини, помладиот син на Паоло, игра во среден ред и тој дури и одигра пристојна и голема улога во освојувањето на скудетото со Милан 2021/2022. Минатата сезона беше на позајмица во Специја каде на 20 меча постигна 3 гола.
21-годишниот Даниел летово се испостави дека не му бил потребен на Милан па го пратија на нова позајмица, во Емполи каде ќе добие многу поголема шанса затоа што тоа е клуб кој развива млади таленти. Даниел ќе се обиде да ја искористи приликата и да се врати еден ден во родниот клуб.
Емполи има и опција да го откупи договорот со Даниел на крајот од сезоната, но Милан вметнал клаузула во договорот дека може повторно да го откупи договорот.