Првиот тренинг на Меси за Интер Мајами

Светскиот шампион првпат тренираше со новите соиграчи со кои се запознал пред неколку дена. Тренирал и Серхио Бускетс. Навивачите на Интер Мајами ќе можат да го видат величествениот Лео во ноќта меѓу петок и сабота кога треба да дебитира за тимот од Флорида во таканаречениот Лига Куп за тимови од САД и Мексико.

Интер Мајами очигледно направи полн погодок со Лео кој не само што им гарантира чудесни потези и голови, туку и голема заработка. Влезниците за неговото деби веќе се продавале од 450 па сè до 100.000 долари.

19 јули 2023 - 10:38