Прославата на Џуд Белингем за новиот гол во 90+1 против Барса

Магијата на Џуд Белингем - нов гол против Барселона во судиско продолжение и еуфорична прослава.

Феноменалната сезона на Џуд Белингем во Реал Мадрид продолжи со уште еден победнички гол против најголемиот ривал Барселона и тоа во судиско продолжение.

Исто како и на првото Ел Класико во Ла Лига сезонава кога Барса беше домаќин и кога Реал Мадрид славеше 1-2 со прекрасен гол во 90+2’ минута на Џуд Белингем за победа.

Сега англискиот репрезентативец при резултат 2:2 маестрално реагираше на сјајната асистенција на Лукас Васкез и го совлада Тер Штеген за 3:2 и огромно славје.

Најдобриот фудбалер на Реал сезонава го прослави голот заедно со Лукас Васкез со кого танцуваа:

Набрзо ја повтори познатата прослава со една алузија:

Џуд сезонава има 21 гол за Реал Мадрид во сите натпреварувања, два повеќе отколку што имаше во цели две сезони претходно во Борусија Дортмунд.

Аголот од кој личи дека голот на Јамал е регуларен

22 април 2024 - 10:12