Последен состав на Арсенал кој беше вреден и пријатен за гледање беше токму оној во кој РВП беше капитен. Затоа сите се согласуваат со него дека тимот од Лондон стана без'рбетен и го деградираше клубот до ниво на просечен премиерлигаш.
Да видиме некои од причините зошто е така.
МЕНАЏМЕНТОТ НА АРСЕНАЛ ЗАБОРАВИ ДЕКА Е ВО ТОП КЛУБ
Денес во првиот тим на „топџиите“ од Лондон играат не баш перспективни тинџејџери, непознати фудбалери од просечни клубови во Топ5 лигите во Европа кои беа претплатени од Арсенал.
Во последните десетина години Арсенал ја базира својата игра само на еден свој играч - или Ван Перси, или Озил, или Санчез или Обамејанг.
Чисто да видиме на што спадна Арсенал низ годиниве:
2006 година: Анри, Јунберг, Пирес, Кембел, Жилберто Силва
2010 година: Ван Перси, Волкот, Росицки, Кошелни, Фабрегас
2014 година: Санчез, Казорла, Ремзи, Мертезакер, Артета
2018 година: Озил, Велбек, Ивоби, Сократис, Џака
2020 година: Обамејанг, Лаказет, Пепе, Мустафи, Сака и пак... Џака
Од тим кој правеше парче во Лига на шампиони до просечен колектив каде младите фудбалери немаат ни за што да стекнуваат искуство. Најголемиот проблем лежи во управата.
НЕМААТ ХАРИЗМАТИЧЕН ЛИДЕР
Арсенал нема „дедо“ како Тоти, Малдини, Рој Кин, Дел Пјеро, Џерард, Лампард, едноставно немаат харизматичен лидер способен да го поведе колективот со себе.
Најголем дел од актуелните фудбалери на Арсенал никогаш во кариерата не биле лидери на терен. Биле важни играчи во претходните клубови, но никогаш не им било дадено да раководат на теренот.
Давид Луиз кој играше неколку години со капитенот Тиаго Силва па се врати во Челси по втор пат, сега е човек кој не може да ја разбуди екипата. Озил веќе четврта сезона по ред ја доигрува кариерата, Обамејанг е одличен шпиц кој само треба да го истоварите напред и ништо повеќе.
Џака не направи ништо посебно откако дојде во Арсенал, Белерин е заменик-капитен но повеќе јавно се занимава со нефудбалски работи отколку што пружа добри партии. Управата е највиновна што после Венгер тргна од крајност во крајнот. За жал во светот денес не се важат големи резултати, па ниту финале на Лига Европа не им беше доволно да го сочуваат Унаи Емери.
Ова е воопшто проблем на многу клубови кои после сезона-две решаваат да најдат ново решение.
Изборот на Артета беше права загатка. Артета работеше долго со Пеп Гвардиола кој го направи Сити прв клуб не само во Манчестер туку и во цела Англија.
Но Артера е перспективен а неискусен тренер. Во цела кариера имаше само еден меч како главен тренер и тоа против Лион во Лига на шампиони кога Пеп беше суспендиран.
И ништо не се смени на подобро. Арсенал изгуби од Манчестер Јунајтед, играше нерешено со Челси, испадна од Лига Европа од Олимпијакос, изгуби од Брајтон, често ремизира со екипи од долниот дел на табелата во Премиер лига.
Немаше никаква најава за серија од 15 меча без пораз како чудото на Солскјер кога седна на клупата на Манчестер Јунајтед.