Само Челси, Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јуанјтед имаат во моментов исратено дури 70 фудбалери на позајмица од кои 55 се младински играчи на возраст од 18 до 21 година.
Тимот кој најмногу го практикува ова е Челси кој има 27 фудбалери на позајмица од кои 20 се под 21 годишна возраст. Потоа следува Манчестер Јунајтед со 15 од кои 12 се младинци, а Ливерпул и Арсенал имаат позајмено по 14 играчи.
Најекспресно тоа го прават „Црвени ѓаволи“ кој на истекот од овој зимски преоден рок дале на позајмица дури 10 фудбалери за еден ден. Најнеочекувано е тоа кај „Топџиите“ затоа што Арсен Венгер важи за тренер во Англија кој години наназад најмногу се потпира на младинскиот погон.
Но неговата стратегија почна по малку и да се менува, а тоа најмногу се виде со купувањето на Месут Озил кој лани во Арсенал пристигна за 47 милиони евра. Венгер не отстапуваше од стратегијата да го гради тимот со свои деца, но почна по малку и да попушта и изгради тим со докажани звучни имиња.
Ова масовно позајмување на играчи на големите екипи на прв поглед делува како недоверба кон своите пулени, но големите екипи можеби имаат големи планови со своите деца кои ги праќаат на калење во помали екипи каде ќе имаат поголема минутажа.
Таа стратегија ја применуваат и со останатите млади таленти кои не се од нивната школа. Наместо да се борат за место во прв состав и да греат клупа, ги праќаат онаму каде што ќе имаат обезбедено место меѓу старните 11.
Белгискиот напаѓач Ромел Лукаку, „Сините“ од Лондон минатата сезона го пратија во ВБА каде имаше одлична сезона со 35 настапи на кои постигна 17 гола. Оваа сезона настапува за Евертон каде на досегашните 20 меча стрелаше девет пати.
Јунајтед реши Вилфред Заха кој имаше само два настапи на „Олд Трафорд“ најпрвин да го прати на позајмица во Кристал Палас каде играше многу повеќе, а од минатиот месец стана член на Кардиф Сити.
Ливерпул тоа го стори со Италијанецот Фабио Борини кој е во првиот состав на тимот на Сандерленд.