Пред Ел класико во Барса, Реал извади видео со судиски грешки на главните судии

Клупската телевизија на Реал Мадрид, во пресрет на реваншот од полуфиналето на Кралскиот Куп на „Камп Ноу“ со Барса (среда 21:00), објави видео со компилација од судиски грешки. Тие ги уловиле сите грешкии на судиите Мартинез Мунуера кој утре ќе биде главен судија на дербито и Гонзалес Гонзалес кој ќе биде ВАР судија. Снимките се од мечот со Севиља во сезоната 2020/2021 кога Реал остана без титула.

Барселона ќе го пречека Реал Мадрид со убава предност поради победата 0:1 на првиот меч од 1/2 финале на Кралскиот Куп на „Сантијаго Бернабеу“.

Во Реал се незадоволни од судски неправди, а сè се случува во екот на големата афера „Негреира“ со скандалот поврзан со Барселона чии управи неколку години плаќале „консултации“ за фирмата на некогашниот потпретседател на Техничкиот комитет при судиската комисија во шпанскиот фудбал.

Реал сега пред реваншот со Барса на „Камп Ноу“ каде ќе биде крајно вжештена атмосфера, објави видео откако ги дознал судиите делегирани за дербито. 

„Каква коинциденција! Правда ќе ни дели тандемот со кој мадридистите имаат најлоши спомени. Мартинез Мунуера ќе биде главен судија на Ел класико во Барселона а Гонзалес Гонзалес ВАР судија.

Тоа е истиот судиски пар кој ја водеше средбата на која Реал Мадрид е оштетен најмногу во историјата, а тоа е мечот Реал - Севиља во 2020/2021, кога поради нивните грешки ни ја земаа титулата во Ла Лига. Мартинез Мунуера и Гонзалес Гонзалес тогаш направија дури шест решавачки грешки на штета на Реал“.

4 април 2023 - 09:52