Пречек и пол за човекот кој реши да игра фудбал од љубов

Висла Краков синоќа го совлада Шлонс Вроцлав со 1:0, а стрелец на голот беше Јакуб Блашчиковски, јунакот на домаќините кој му врза шамар на модерниот фудбал.

Блашчиковски се врати да игра онаму каде што играше кога не беше славен и со потегот кој го направи ги закопа сите лакоми фудбалери.

Реши да игра без пари и не само тоа, туку и да му помогне на својот поранешен клуб поради финансиската криза во која е влезен.

33 годишниот играч од среден ред заедно со уште двајца ќе и помогнат на Висла со вкупно милиони евра или повеќе од 300.000 евра по човек. 

Навивачите го пречекаа како Бог и покрај кореографијата му спремија и банер на кој пишуваше:

„Љубовта е поголема од милионите. Куба конечно добредојде дома“.

Двократниот првак на Германија со Борусија Дортмунд кој беше осум сезони член на Милионерите и има 104 репрезентативни настапи за Полска, направи потег кој за денешново лудо време на милијарди е чуда над чудата.

За Висла играше од 2004-та до 2007-ма година.

Голот за победа 

 

19 февруари 2019 - 09:31