Потсетување на денот кога „Небо се отворило“

24 април синоќа требаше да биде 25 годишно одбележување од антологискиот меч на Црвена Ѕвезда против Баерн Минхен која стана финалист во КЕШ, но трагичната смрт на навивачот на црвено-белите во Чачак овој викенд, го одложи славјето.

Кафе Сквер во Белград со почеток од 20:15 требаше да биде збирното место на Црвена Ѕвезда која организираше јубилеј од елиминацијата на големиот Баерн Минхен на Маракана и пласман во големото финале од тогашниот Европски Куп за прв во историјата.

Од клубот најавија дека ќе пуштат снимка од историскиот меч кој ќе се гледа заедно со тогашниот капитен и голман на Ѕвезда, Стефан Стојановиќ, како и со актуелниот состав на Ѕвезда. Планирано беше да се поделат подароци за тие што ќе покажат билет од тој натпревар, како и за оној кој набрзо ќе го собере албумот со сликички „Небо се отворило“.

На 24 април 1991 година гледачите на Маракана беа сведоци на огромна драма меѓу Ѕвезда и Баерн. Синиша Михајловиќ во 25 минута распали од слободен удар, а на сличен начин во 55 минута врати Клаус Аугенталер. По 15 минута игра Манфред Бендер го искористи киксот во одбраната и направи пресврт кој значеше финале за Германците.

Но во првата минута од судиското продолжување Југовиќ со помош на Панчев изгради една акција во која топката ја прифати Просинечки, му ја подаде на Михајловиќ, а овој упати центар шут по кој киксираше Аугенталер за делириум на трибините и коментаторската ложа. Ѕвезда отиде во финале со 2:2, по оние 1:2 во Минхен каде стрелци беа Панчев и Савичевиќ. А сега видеа кои треба да ги ѕирнете со ред

Бакљадата пред стартот на мечот на БиБиСи

Автоголот во 91 минута и реакцијата на коментаторот

Сите 4 гола со германски коментатор

Небо се отворило во подолга верзија со инвазија на навивачите на терен каде во тага лежеше Штефан Ефенберг со број 6.

25 април 2016 - 12:57