Поранешниот селектор Игор Ангеловски го тужи ФФМ

По непријателското збогување со фудбалската федерација, некогашниот селектор Ангеловски решил по правен пат да ја побара премијата која му следуваше за историскиот пласман на Евро 2020.

Македонската фудбалска репрезентација неславно го заврши јунскиот квалификациски циклус, со два порази, од Украина во Скопје (2:3) и во Манчестер со Англија (7:0).

По отворената критика од Горан Пандев кој го обвини раководството на ФФМ и селекторот Благоја Милевски „дека се најголемо зло во македонскиот фудбал“, федерацијата добила и тужба од поранешниот селектор Игор Ангеловски.

По историскиот пласман на Европско првенство 2020, ФФМ „го награди“ Ангеловски со отказ а притоа на сите членови од Управниот одбор им додели награда од по 20.000 евра за пласманот кои го обезбедија фудбалерите и стручниот штаб. На сите освен на Ангеловски.

Познатиот скопски адвокат Александар Тортевски на својот Твитер профил објави дека ФФМ не му ја исплатила договорената премија на поранешниот селектор Ангеловски па дека случајот е проследен до надлежните судови, пренесува Маседониан Фудбал.

 

21 јуни 2023 - 13:56