Податокот кој не се очекуваше од Тотенхем

Екипа која по 29 кола во Премиер лигата има само 4 порази, се наоѓа на 5 бода до лидерот и се бори за титула не може да си дозволи вакво нешто. Фудбалерите на Почетино синоќа имале само едно додавање во шеснаесетникот на Борусија Дортмунд која победи 3:0.

Борусија немаше таков проблем и третиот гол го постигна преку 21 додавања, рекорд оваа сезона во ЛЕ.

11 март 2016 - 12:01