Ел Конфидесиал пиша дека Антиќ со години имал проблеми со црниот дроб и панкреасот и дека причина за смртта е панкреатитис.
Тажната вест за смртта на Антиќ ја потврди Атлетико Мадрид, клубот со кој двојна круна во Шпанија и после долги години му донесе шампионски трофеј на клубот од шпанската престолнина.
Српскиот тренер подолго време имал сериозни здравствени проблеми со белите дробови а шпанските медиуми пишуваат дека не починал од Ковид-19.
„Семејството Атлетико Мадрид денес жали за еден од нашите легендарни тренери, Радомир Антиќ. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Почивај во мир“, стои во објавата на Атлетико Мадрид.
Фудбалскиот свет ќе го памети Антиќ по сезоната 1995/1996 кога Атлетико Мадрид предводен од Диего Симеоне, Љубо Пенев, Кико, Милинко Пантиќ и Каминеро доминираше со шпанскиот фудбал. Во неговата ера, Атлетико постави клупски рекорд на 12 меча без пораз со 9 победи и 3 нерешени средби по ред.
Атлетико соопшти дека на стадионот „Ванда Метрополитано“ во следните 24 часа клупските знамиња ќе бидат спуштени на половина копје.
La familia atlética está de luto por el fallecimiento de uno de nuestros entrenadores legendarios: Radomir Antic. Siempre estarás en nuestros corazones. Descanse en paz. ➡ https://t.co/lnE5FL0lWt pic.twitter.com/50mgGMf51p
— Atlético de Madrid (@Atleti) April 6, 2020
Успехот со Атлетико му овозможи на српскиот стручњак, легенда на белградски Партизан, подоцна да ги води Реал Мадрид и Барселона со што стана единствениот во историјата кој седел на клупата на трите најголеми шпански клубови.
Comunicado Oficial: fallecimiento de Radomir Antic.#RealMadrid
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) April 6, 2020
Hoy nos ha dejado Radomir Antic, que fue entrenador del FC Barcelona en 2003. El barcelonismo está de luto por la pérdida de un hombre muy querido en el mundo del fútbol. Descanse en paz 🙏 pic.twitter.com/vXZ3U49pM2
— FC Barcelona (desde 🏠) (@FCBarcelona_es) April 6, 2020
На Пиринејскиот полуостров Антиќ беше и шеф на стручниот штаб на Сарагоса (прв негов клуб како тренер во Шпанија), Овиедо, Селта, Шандонг и Хебеи во Кина а беше и селектор на Србија која ја однесе на Светското првенство 2010 во Јужна Африка. Вкупно во шпанската тренерска кариера, Антиќ диригирал на 495 натпревари со учинок од 214 победи, 128 нерешени и 154 порази.
Во играчката кариера, Антиќ, роден во местото Житиште, крај Ужице, играл за клубот од неговиот град Слобода, а подоцна се прославил во Партизан со кого ја освоил титулата во Југославија во сезоната 1975/1976. После Партизан, Србинот го носеше дресот и на Фенербахче, Сарагоса и Лутон.