Под тренерската палка на големиот Антиќ поминале фудбалери како Чави, Иниеста, Диего Симеоне, Овермарс, Пујол, Де Бур, Пантиќ, Љубо Пенев, Георге Хаџи, Јеро, Маноло.
За преубавата кариера на Радомир Антиќ во Шпанија се знае многу, но ретко кој слушнал дека Ради, како што го викаа во Англија, го спасил Лутон од испаѓање против Манчестер Сити.
Трофејниот српски тренер кој седеше на клупата на најголемите шпански клубови Реал, Барселона и Атлетико Мадрид, починал во клиниката „Рубер“ на 71 година во главниот град на Шпанија, од сепса и проблеми со панкреатитис.
На стадионот Висенте Калдерон во Мадрид, речиси две децении, секој викенд кај едното корнер знаменце се положува цвеќе како благодарност до човекот кој му ја донесе последната двојна круна на клубот во 1996. година.