Тимот на Карло Анчелоти минатата година од Лисабон се врати со јубилејната десетта титула во Лигата на шампионите, откако во финале го совладаа Атлетико Мадрид.
До Португалија и назад ги возеше шпанскиот пилот Хуан Мануел Бонед, истиот човек со кој се вратија како победници и од Минхен, кога во полуфиналето беа подобри од Баерн Минхен со вкупно 5:0.
Кралевите со него патуваа и во Мароко од каде се вратија со пехар од Светското клупско првенство. Вечерва се надеваат дека со овој пилот ќе ја продолжат победничката серија и против Јувентус во полуфиналето од ЛШ.