Пеп Гвардиола за спортистите од поранешна Југославија

Најдобриот фудбалски тренер на денешницата, во пресрет на новата сезона од Лига на шампиони каде со неговиот Манчестер Сити ќе го бранат трофејот освоен во Истанбул, одржал прес-конференција. Во вторник вечер играат против Црвена звезда на „Етихад“.

Пеп воглавно зборувал дека сакаат пак да ја освојат Лига на шампиони и дека не се заситени што еднаш го освоиле пехарот. Сакаат уште. Во еден момент зборуваше и за утрешниот противник од Белград и се осврна на спортистите од поранешна Југославија.

Тој беше дел од легендарниот меч Црвена звезда - Барселона во 1996-та година, но повеќе го памети и голот на Марадона со лоб на „Маракана“ кога повеќе од 90.000 луѓе му аплаудираа.

„Памтам со Црвена звезда како мал, Марадона го постигна тој гол. Не знам како да кажам на англиски јазик“.

„Го паметам тој меч од 1996-та, не игравме баш добро. Секогаш е убава атмосферата таму. Се сеќавам кога игравме во Хрватска минатата година. Некогаш Југославија сега сите тие убави земји Србија, Хрватска и Црна Гора секогаш имаат јак менталитет и натпреварувачи, како во ватерполо, така и погледнете го Ѓоковиќ. Не знам зошто можеби поради школата, поради децата, поради воспитувањето но го имаат тоа нешто.

Гвардиола го пофали и тренерот на Звезда, Израелецот Барак Бахар за кого вели дека знае дека лани со Макаби Хаифа успеа да се носи со Јувентус, ПСЖ и со ѕвезди како Нејмар, Меси, Мбапе.

Зборовите на Пеп за голот на Марадона со Звезда од 14:28

18 септември 2023 - 15:26