Пеп доби силна поддршка од навивачите

Со головите на Савињо во 21-ва минута и Халанд во 74-та Манчестер Сити конечно победи во Премиер лига, овојпат 0-2 против Лестер на гости. Сити беше долг период во тешка резултатска криза со преку 10 неповолни резултати во сите натпреварувања. Сега се 5-ти на табела и веројатно целта ќе им биде пласман во Лига на шампиони следната сезона. Пеп доби силен ветар во грб од навивачите на Сити.

Дуелот со Лестер беше јубилеен 500. за Гвардиола на клупата на Манчестер Сити. Тој после мечот се заблагодари повеќе пати до навивачите за кои вели дека на гостувањата се погласни понекојпат и од домашниот стадион „Етихад“.

Еве ја песната што му ја пееа и му го поправија расположението:

Say that you want me (say that you want me) 

All of the time (all of the time) 

Say that you need me (say that you need me)

Always be mine (always be mine) 

Because we've got (clap clap) Guardiola 

We've got (clap clap) Guardiola 

We've got (clap clap) Guardiola 

 
30 декември 2024 - 09:34