Пакета на деби во Бразил доби жолт картон во 4' минута

Бразилскиот трофеен клуб Фламенго му плати на Вест Хем 42 милиони евра и тоа е најскапиот влезен трансфер во историјата на бразилскиот фудбал. Пакета на 28 години се враќа дома во татковината по настапите за Милан, Лион и Вест Хем во Европа. Имаше секаде сјајни настапи но пред крајот на престојот во Лондон го обвинија дека наводно намерно правел жолти картони а негови пријатели и роднини во Бразил се кладеле на тоа. На крајот судот не најде никакви докази, го ослободи од секаква вина. Пакета дебитираше за Фламенго и доби жолт картон во 4' минута против Интернасионал.

5 февруари 2026 - 09:45