И тоа бидна во Порто, Дамфрис го распиштоли Галено

Интер направи голем успех и се пласираше во 1/4 финале на Лига на шампиони каде по сè изгледа ќе има три италијански клуба што одамна не се случило. На реваншот во Порто Интер ја одбрани предноста од еден гол, а во еден момент од мечот одличниот бек Дензел Дамфрис го распиштоли крилниот напаѓач на Порто Бразилецот Галењо.

 

Бекот на Интер Дамфрис беше прогласен за играч на мечот. Тој во последните секунди од мечот спаси чист гол на самата гол-линија и го сочува резултатот 0:0 кој Интер го одведе понатаму:

Историски блесок на Халанд со пет гола во ЛШ, рамо до рамо со Меси

15 март 2023 - 08:44