Оштетена ли е Украина за чист пенал со Италија?

Во групата Ц од квалификации за Евро2024 Македонија одигра големо реми со Англија (1:1) а ремизираа и Украина и Италија 0:0. На Украинците единствено триумф им гарантираше Европско првенство а Италија и со бод обезбеди карта за Германија. Во 90+3’ минута од мечот игран во Леверкузен, Кристанте го фаулираше Мудрик во шеснаесетник но судијата не свирна пенал.

„Кристанте со Мудрик? За мене е пенал, нема сомнеж. Но не одлучуваме ние. Судијата не беше повикан да потврди. Има ВАР кој очигледно не ја искористи приликата да го повика судијата на мониторот“, изјавил украинскиот селектор Сергеј Ребров.

Украинците пропуштија прилика за пласман преку квалификациите па сега им останува баражот од Лига Нации. Претходно играа на Евро 2020 и беа во група со Македонија (2:1 победија Украинците). Потоа во финалето на бараж за пласман на Светско 2022 несреќно загубија од Велс откако во полуфинале ја згромија Шкотска на гости.

Сега во групата со Англија, Италија, Македонија и Малта освоија 14 бода, колку што освоија и Италијанците но аѕурите имаа подобар меѓусебен учинок.

21 ноември 2023 - 09:02