Олимписки циркуз во Париз, ВАР и поништи гол на Аргентина после 2 часа

Аргентина израмни на 2:2 и избегна пораз во 106 минута против Мароко на првиот фудбалскиот натпревар на Олимписките игри. На ваква објава налетавме во некои наши портали, ама баталете ја, бидејќи не е точна поради најзадоцнетата ВАР реакција во историјата.

Мароко и Аргентина поради скклоп на околности одиграа фудбалски натпревар во времетраење од 4 часа и 11 минути, а Хавиер Маскерано во улога на селектор на Гаучосите на Олимпијадата, после мечот изјави:

„Ова е најголемиот циркуз кој сум го видел до сега“.

Каде настана? Се играше 106 минута од средбата поради долгото судиско продолжение и во тој момент Кристијан Медина постигна гол за 2:2.

Кога Аргентинците почнаа да слават, навивачите на Мароко влетаа на терен, играчите се повлекоа во соблекувална и така почнаа да се комплицираат работите.

На официјалниот сајт на Олимписките игри стоеше дека мечот не е завршен, туку е во прекин, но и дека има потенцијален офсајд за прегледување на ВАР.

Што се случи потоа? По скоро два часа, голот беше поништен со ВАР поради офсајд, натпреварот се доигра уште три минути, а Мароко победи со 1:2.

0:1

0:2

1:2

2:2

Радоста на Аргентинците и повлекувањето во соблекувална

ВАР снимката

Сумирано: 

24 јули 2024 - 19:22