Никаква разлика нема од Манчестер Јунајтед на почетокот од сезоната и денес. Тогаш „црвените ѓаволи“ загубија 2:1 од Свонси на Олд Трафорд, а со идентичен резултат загубија во саботата во Велс.
Единствена разлика има во составот на Јунајтед, затоа што во саботата играа четворица од 11-те фудбалери што играа на првиот меч. Руни, Џонс, Де Хе и Ерера играа и тогаш и викендов, а Ван Гал ја смени и одбраната, која од тројца, сега беше составена од четворица дефанзивци.
Сепак, човек повеќе во одбраната не донесе голема стабилност, затоа што токму тој сегмент е најслабиот во екипата. Холанѓанецот сезонава дури 16 пати ја менуваше одбраната, но ниеднаш не ја најде правата. Голот на Гомис со глава после корнер беше уште еден од низата примени после прекин. Јунајтед сезонава 40% од головите ги примил после нафрлени топки.
Навивачите на Манчестер заслужија многу повеќе и од најголемото засилување, Аргентинецот Ди Мариа кој во првите три месеци по доаѓањето на Олд Трафорд играше многу подобро од последниве два месеци.
Како изгледа падот на Анхел Ди Мариа во бројки:
Од Свонси до Свонси, Ван Гал искористи 31 играч. Проба со Руни во средниот ред, па подоцна го врати во нападот и капитенот на Ред Девилс за првпат во 2015. шутна во рамки на голот. Дури 460 минути поминаа откако Руни последен пат шутирал директно во голот. Манчестер Јунајтед сезонава не игра во Европа и тоа требаше да биде олеснителна околност, но и покрај тоа тимот не игра на потребното ниво.
Следниот викенд, на 28 февруари во сабота, Манчестер го дочекува Сандерленд, во обид да го задржи четвртото место кое води во квалификациите за ЛШ.