Ова доаѓа како резултат на новата, трета тешка повреда на снажниот централен дефанзивец која ја доживеа на средината од април. Повторно ги скинал предните вкрстени лигаменти на натпреварот против Хофенхајм во Бундеслига и повторно го чека повеќемесечна пауза, па затоа решил веќе да не се враќа на терените.
Никлас Зуле дојде во Борусија Дортмунд од Баерн Минхен во летото 2022-ра. Тој одигра 299 натпревари во Бундеслига а запиша и 49 настапи за репрезентацијата на Германија.
Минатата сезона играше во врвна форма па Реал Мадрид отворено се распрашувал за него, за да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“, но повредите го спречија да направи најголем трансфер во кариерата.
„Прво што почуствував кога докторот го направи тестот во соблекувалната во Хофенхајм, го погледна физиотерапевтот и ја заврте главата, истото го направи и физиотерапевтот после што отидов под туш и таму плачев 10 минути“, раскажал Зиле.
Тој во втората сезона во Дортмунд стигна до финале на Лига на шампиони.