
Во моментов дури 6 клуба со префикс Реал се во Ла Лига 2021/2022: Мадрид, Сосиедад, Бетис, Селта, Еспањол и Мајорка. 4 се во Сегунда 2021/2022: Ваљадолид, Овиедо, Сарагоса, Спортинг. Има и познати во „подземјето“: Депортиво (да, легендарната Ла Коруња е во трета лига), Расинг Сантандер и Рекреативо.
Сите се основани од поврзаност на фудбалот и монархијата.
ПРВИОТ РЕАЛ НЕ Е ОД МАДРИД, А НАЈНОВИОТ РЕАЛ СЕ ПОЈАВИЛ ВО 2012
Фудбалот на почетокот на ХХ век брзо станал многу популарен во цела Шпанија. Долго време се играл без некоја регулатива, без сериозен систем и правила, па фудбал играле речиси аматерски.
Тоа го забележал кралот на Шпанија Алфонсо ХIII, кој бил престолонаследник од раѓањето во 1886-та година до изгнанството и прогласувањето на Втората Шпанска Република во 1931-ва.
Се испоставило дека договорот бил корисен и за двете страни. По формирањето на професионалната заедница на клубовите им требала потврда за статусот, макар на формално ниво. Статусот кралски (во превод Реал) во целост одговарал на барањата.
Прв Реал станал Депортиво во далечната 1907-ма година. После него во 1910-та се појавил Реал Сосиедад. Историчарот на овој клуб, Ињаки Мендоза за ESPN раскажал како основачите се договориле со кралот:
„Директорот на клубот му се обратил на крал Алфонсо. Тоа било прашање на престиж. Неформална мотивација и повод за барањето да добијат статус кралски (Реал) и потврда за тоа бил фактот што кралското семејство секое лето одело на одмор во Сан Себастијан од каде што е клубот.
„Брзо сме добиле согласност. Пет месеци по барањето излегол официјален документ за преименување на клубот од Фудбалска заедница Сосиедад во Реал Сосиедад со печат од кралот“, раскажува Ињаки, историчар на клубот.
Еспањол добил сличен документ во 1912-та, Селта и Бетис во 1914-та, Мадрид во 1920-та. Во одговор, монархот добивал статус почесен член на клубот.
Секако, круната на амблебите, на грбовите на клубовите е следствено на договорот со кралот.
Шпанската фудбалска федерација исто така не го пропуштила моментот и во 1913-та станала кралска, а после неа и сите други федерации. И овде имало корист за двете страни: „Кралот доделува титула, а федерацијата брзо ја решава цела бирократија и секогаш прави отстапки во промена на официјални имиња на клубовите“, вели член на шпанската Кралска фудбалска федерација, Пабло Гарсија Куерва.
Речиси сите Реали се појавиле од 1910 до 1920-те години, во периодот на формирање на фудбалска Шпанија и сè уште живата монархија. Потоа клубовите привремено ја тргнале круната од грбовите и го криеле или заборавале префиксот но политичката агенда набрзо се вратиле на свое место.
Постои мислење дека за разлика од политички активната Барселона која ги дели сепаратистичките идеи на Каталонија, Реал Мадрид ја промовира политиката за централизирана држава.
Новинарот и автор на книгата „Патешествие по шпанскиот фудбал“ Џими Бернс, за Al Jazeera вели: „Како Каталонци, навивачите на Барселона се гледаат себеси како поразлични од остатокот на Шпанија. Реал Мадрид им изгледа како тим кој го претставува остатокот од Шпанија. Историската врска на клубот со кралското семејство ја обликува таа перцепција“
Сè додека во Шпанија останува монархијата, се појавуваат нови Реали. Најнов е Реал Депортиво Гара од малото градче Гарачико на островот Тенерифе. Ребрендирањето во Реал им се случило во 2012-та.
„Ова е голема гордост. Нас не знаат на островот, клубот има богата историја. Сега нашиот тим игра во аматерска лига на Тенерифе и има три младински состави. Долг беше процесот со документација и среќни сме што на стогодишнината на клубот сè се среди“, вели претседателот на Реал Клуб Депортиво Гара, Педро Мартинез.
А ШТО Е СО ВИЉАРЕАЛ?
Виљареал, симпатичната „жолта подморница“ која сезонава направи големо изненадување и со победите над Јувентус и Баерн Минхен е на прагот од историско полуфинале во Лига на шампиони е клуб основан во 1923-та.
Виљареал со децении играл во шпанските пониски лиги а првпат во втората дивизија Сегунда се нашле во ’90-те години. Во сезоната 1998/1999 го оствариле сонот и влегле во Ла Лига.
Никогаш во името немале префикс Реал. Но како е Виљареал?
Едноставно самиот клуб е наречен по градот од каде доаѓа. Виљареал е средиште на керамичкиот центар во Шпанија, град во кој живеат околу 50.000 жители.
Виљареал е град основан во 1274 година. На шпански во превод значел буквално кралско село. Основач бил кралот на Арагоните Хаиме I Освојувачот кој ја повратил територијата од Маврите во време на Реконквиста. Виљареал станал важна стратешка точка зошто е на 65 клометри од Валенсија, регион околу кој Шпанците си ја враќале земјата а близина била муслиманската тврдина Буриана која требало да биде нападната.
Кралски статус добиле во комплет: можеле да ја користат кралската круна во грбот, во градот се населила делегација на монархот, добиле и свои претставници во Парламентот на Валенсија.
Прво градот Виљареал бил опкружен со ѕидини кои набрзо биле урнати поради демографскиот раст на населението и градот пораснал. Одвреме-навреме имале препукувања со соседните Мудехари, муслимани кои останале на Пиринејскиот полуостров откако Шпанците ги повратиле своите земји. Понатаму следувал развој на регионалната економија преку продажба на портокали и масовно производство на керамика.
На ред дошол и фудбалот.
Интересно што Виљареал не е единствен во Шпанија. Има и други општини со реал во името, една на пример е близу Сарагоса. Оттука градот од 1939-та имал појасни детали во името: Виљареал де лос Инфантес.