Новиот миленик на Њукасл за лактот на Габриел

Домашните натпревари на Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ се право уживање за гледање. Полн стадион кој реагира на секое случување на теренот. Поведоа црно-белите со преубав гол на Волтемаде со глава и водеа до 84' минута кога прво Мерино возврати со глава за 1-1, а потоа и Габриел Магаљаеш во 90+6 кој им донесе луда победа на „топџиите“ 1-2 во последни секунди. Стрелците на головите Габриел и Волтемаде имаа и расправија на теренот откако Бразилецот намерно го удри Германецот во еден дуел.

„После голот имаше ситуација кога почуствував како ме удира со лактот во лице на два метри, така што неговата рака навистина требало да биде високо. Не знам, само му кажав на судијата дека почуствував нешто во лице и дека мислам дека не е во ред да се почуствува нешто во лице. Но не сум тип на играч кој ќе падне за ова.

Тешко е, бидејки понекогаш можеби треба да го направиш тоа, но тоа не е мој тип на фудбал. Ми се извини после, мислам дека знаеше дека ме удри во лице. Не ја реши ситуацијата тоа да бидам искрен. Не сакам тоа, прво правиш нешто на натпреварот па после неколку секунди викаш извини, тоа не е дел од играта“.

 

29 септември 2025 - 08:57