Нова бајка на Клаудио Раниери, плачеше од радост како дете

Легендарниот италијански тренер на 71 година, во јануари годинава седна на клупата на второлигашот Каљари. Овој тим тогаш беше на 14-то место во Серија Б и задача на Раниери била да се спасат од ново испаѓање во понизок ранг. На 11-ти јуни 2023-та, во големото финале на баражот, Каљари со гол во 94-та минута го победи Бари на гости 0:1 пред повеќе од 55.000 гледачи и сензационално се врати во Серија А. Раниери плачеше како што не плачеше кога со Лестер направи светско чудо во Премиер лига.

На првиот меч од финалето на баражот Каљари и Бари одиграа 1-1 со гол на гостите дури во 96-та минута, за да на реваншот гостите од Сардинија направат чудо со голот на Леонардо Паволети во длабоко судиско продолжение:

Потресна е радоста на Раниери и стручниот штаб:

Интересно, Раниери на почеток на својата тренерска кариера го презел исто родниот Каљари во 1988-ма и од Серија Ц го внел во Серија Б а во 1990-та година и во елитната Серија А. Историјата сега се повторила.

12 јуни 2023 - 10:03