Нов гол на генијалниот Меси, нова победа на Мајами

Аргентинскиот ас го почна мечот против Њујорк Ред Бул од клупата за резерви и влезе во игра во 60' минута на отворање на сезоната во МЛС лигата. Интер Мајами го победи Њујорк Ред Бул на гости со 0-2, Диего Гомез го отвори резултат во 37' минута, а Лео ја потврди победата во 89' минута по мајсторска комбинација со Жорди Алба и Серхио Бускетц.

Ова е 11 гол за 36-годишниот Меси по доаѓањето во САД, а има и 3 асистенции на 9 меча. Скоро основаниот клуб има 9 победи по ред и 27 постигнати голови по доаѓањето на светскиот шампион летово. Од 9 триумфи, 3 се во пенал серија.

27 август 2023 - 08:45