
На 13-ти декември 2024-та година во Цирих се одржа ждрепка за квалификациските групи за Светско првенство.
Во иста група се паднаа Норвешка и Израел, земји кои никогаш немале меѓусебни проблеми ниту конфликти но Норвежаните не сакаат со нив да играат фудбал.
„Ждрепката е тешка за нас, зад каков било чист спортски аспект. Никој од не може да остане рамнодушен на несразмерните напади кои Израел ги изврши врз цивилното население во Газа и тоа за баш долг период.
Норвешкиот фудбалски сојуз (NFF) стои зад норвешката влада во барањето за неодложен крај на несразмерните напади врз невини цивили во Газа“, рекла Лиза Клавенес, претседателската на Норвешкиот фудбалски сојуз и поранешна долгогодишна репрезентативка на оваа земја.
Израел и Норвешка треба да се сретнат во квалификациите кои почнуваат во март 2025-та и завршуваат во ноември 2025-та.
Овие барања на Норвежаните доаѓаат откако ФИФА најави уште во октомври дека нема да го суспендира Израел но дека ќе ги истражи наодите за дискриминација врз палестински фудбалери и тренери.