Нојер на 40 години покажа зошто е еден од најдобрите голмани во историјата

Баерн Минхен за првпат го победи Реал Мадрид после цели 14 години и тоа го направи на жешкиот терен на „Сантијаго Бернабеу“ но тешко ќе победеа ако германскиот шампион на голот го немаше фантастичниот Нојер кој покажува дека голманите се како вино - што постари тоа подобри.

Иако германската јавност беше скептична во врска со неговата форма во последно време, Нојер синоќа на легендарниот стадион уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, и тоа на 40-годишна возраст.

Голманот на Баерн го заврши дербито со Реал со девет одбрани од кои некои беа прави пантерски реакции. 

 

 

8 април 2026 - 08:47