Ненормални реакции по примен гол од Реал Мадрид

Реал Мадрид се извади на гостувањето кај Алавес и со гол буквално во последни моменти од мечот, во 90+2’ минута од судиското продолжение победи со гол на Лукас Васкез. Реал Мадрид играше со играч помалку од 54 минута а со триумфот се искачи на прво место на табелата. По примениот гол на крајот, тренерот на домашните Луис Гарсија Плаза почна неконтролирано да фрла предмети и да ги тегне своите играчи.

Голот на Васкез во 90+2’: 

Интересно, Реал Мадрид на 18 меча во Ла Лига од почетокот на сезоната примил само 11 погодоци и го израмнил досегашниот најдобар рекорд од сезоните 1961/1962 и 1971/72. 

22 декември 2023 - 09:19