Лионел Меси го израмни рекордот на Алтафини со 14 голови постигнати за една сезона во Лигата на шампиони, а Барселона по рекорден петти пат во серија обезбеди пласман во полуфиналето, но овие успеси се уште се во сенка на еден човек. Судијата Бјерн Киперс од Холандија.
Но ова не е прв пат како судијата ја има главната улога на натпревар на Барселона во Лигата на шампиони откако на клупата е Пеп Гвардиола. Во последните 4 години натпреварите на Барселона станаа синоним за контроверзност.
6 мај 2009, Челси - Барселона 1:1
По 0:0 на првиот полуфинален натпревар, Челси и Барселона одиграа 1:1 со гол на Иниеста во 93-та минута, но на домаќините не им беа досудени 5 пенали.
По натпреварот британската полиција мораше да му го смени хотелот на судијата Овребо и скришно да го изнесе од државата, а норвешката полиција го чуваше неговиот дом по смртните закани кои пристигнаа на негова адреса.
24 април 2010, Барселона - Интер 1:0
Интер победи со 3:1 на првиот натпревар, па Серхио Бускетс од фудбалер се претвори во актер. „Ѕиркачот" Бускетс одглуми дека бил удрен во лицето, а судијата не се двоумеше и веднаш му покажа црвен картон на Мота.
Но овој пат Барселона со играч повеќе не успеа да ја анулира предноста на Интер и беа елиминирани со вкупен резултат 3:2.
8 март 2011, Барселона - Арсенал 3:1
Арсенал победи на првиот натпревар со 2:1, па на реваншот на Барселона и требаше победа од два разлика.
Барселона поведе со голот на Меси, но Арсенал израмни откако Бускетс си постигна автогол. Тогаш се случи и клучниот момент на натпреварот. Робин ван Перси заработи втор жолт картон само затоа што ја шутна топката откако судијата Масимо Бусака свирна офсајд.
Со играч повеќе, Барселона постигна уште два гола и се пласираше во следната фаза со вкупно 4:3.
27 април 2011, Реал Мадрид - Барселона 0:2
Барселона победи во Мадрид со 0:2 со двата гола на Меси, но откако во 61-та минута црвен картон заработи Пепе заради прекршок над Дани Алвеш. Црвен картон заработи и Мурињо за саркастичниот аплауз кон судијата.
По натпреварот Мурињо во негов стил и со неговите теории ја обвини УЕФА, па дури и Уницеф.
На реваншот му беше поништен гол на Игуаин и натпреварот заврши 1:1, а Барса се пласираше во финалето со вкупни 3:1.