Нема поголема радост од голмански гол во последен момент
Некогашниот гигант Бордо како што е познато, веќе некое време поминуваше низ крајно драматична криза па летово француската фудбалска федерација поради долгови и стечај го исфрли овој клуб во четврта аматерска лига. Таму Бордо после 1 одигран натпревар има 1 бод кој им го донесе 23-годишниот голман Ласана Дијабате со ефектен гол со глава во длабоко судиско продолжение.