Илија Несторовски:

Не постои напаѓач кој решава сè со магично стапче

Во долго и опсежно интервју за Кориере дело спорт, македонскиот напаѓач зборува за тежината да се постигне гол во втората италијанска лига, нешто што секогаш се очекува од него, за одговорноста на капитенска лента, а ги фали колегата Трајковски и младите репрезентативци на Македонија.

Најлошото сега е зад Несторовски?
 
Нормално е да се има blackout и тоа им се случува и на најголемите играчи. На пример Игуаин во Серија А е без погодок веќе некое време и има постигнато три гола. Кај Роналдо и Меси нема застој, ама тоа се вистински феномени. Се случува јас да паузирам со голови, а да блесне друг мој колега. Важно е да се победи.
 
Ако Несторовски беше само бомбардер за голови, сега е капитен, лидер и сликата на еден тим кој се бори и ја бара волјата за да воодушеви. Се сложувате со ова?
 
Не негирам дека ми е мило што ја имам улогата на капитен, таа не е за да се чувствувам повеќе од другите или за популарност, напротив ми носи голема одговорност. Клубот заслужува да биде во Серија А и ние ќе направиме сè за таа очекувана цел. Понекогаш ме гледате малку. Капитенот треба да зборува кога губи и за среќа оваа година тоа никогаш не се случи. (Палермо има 3 победи и 6 нерешени)

Тедино тврди дека само еден играч не може да биде тимот. Го делите истото мислење? И што мислите за него?
 
Во право е. Палермо победува само ако погоди долупотпишаниот? Тоа не е правило, не постои напаѓач кој решава сè со магично стапче. Тедино е одличен тренер, ние сме заглавени и неговата помош се гледа. Ниту еден тим до сега не нè надигра, па дури и во Фрозиноне бевме на висина на задачата, иако на крајот ни недостигаше завршниот удар за победа.
 
Може ли да стигнете до 30 гола сезонава?
 
Тоа е бројот на мојот дрес, а не симбол на аспирации. Можеби, но од зборување до остварување има едно долго, израмнето и тешко првенство. Наместо тоа, ми е жал што до сега имам постигнато 4 гола. Ако ги играв сите натпревари можеби сега ќе имав 7 или 8 и исто така ми е жал што ги промашив двете шанси против Фрозиноне. Нашата прва цел е Серија А, не сакам да бидеме во Б затоа што Палермо е голем град со голема традиција. Се надевам дека можеме да победуваме и со голови на други играчи, се знае дека не треба да постигнува голови само еден играч.

Изјавивте: Палермо е Јуве од Серија Б
 
Го потврдувам тоа. Но сакам да истакнам, за да нема забуна кај навивачите, дека ние не сме фаворити во Б, како што се тие во А. Тоа е гордост која не присилува секогаш да играме добро и да не се откажуваме.
 
Коронадо има предиспозиции да стане ѕвезда на иднината?
 
Ми се допаѓа, добар креатор е и дава топки кои може да се користат за да се постигне погодок. Сè уште е рано за да се види дали ќе биде ѕвезда. Има сè за да стане. Сепак, јасно е дека ако игра добро и ако може да се издвои како играч, тимот ќе има корист од тоа.
 
Во врска со репрезентацијата, во ноември ќе ве повика ли Ангеловски заедно со Трајковски? Зборувавте ли со навиот селектор?
 
Ние не ги поставуваме тие прашања. Тоа е работа на селекторот.

Трајковски, брилијантен играч во репрезентација кој игра топло ладно во дресот на Палермо?
 
За мене тој е најдобар. Многу е созреан и тоа го покажа со гол на последните три репрезентативни натпревари. Во Палермо можеби му недостига малку континуитет, но сигурен сум дека може да му оди многу добро како во репрезентација.
 
Италија ќе се квалификува на Светско?
 
Да, бидејќи е навикната на ваков вид на натпревари. Сè уште има разлика меѓу нас и Аѕурите, бидејќи Италија е во трка за Светско, а ние не, но Македонија е во пораст благодарение на придонесот на младите играчи кои играа на ЕП У-21. Сега има убав микс на искусни и нови играчи. Во 2017-та изгубивме само еднаш, ама од Шпанија, со Италија на првиот меч тоа беше неверојатен пораз, а реваншот знаете како заврши, благодарение на прекрасната завршница на Трајковски.

Потешко е да се постигне гол против Бонучи и Кјелини или во Серија Б?
 
Со оглед на тоа што Кјелини и Бонучи се репрезентацијата, ќе одговорам на овој начин: Во Серија Б, затоа што играме против 10 души кои мислат на одбраната и никогаш нема простор.
 
Каква порака би им испратиле на навивачите на Палермо?
 
Да доаѓаат на стадион бидејќи со поддршка од 20-25.000 сигурен сум дека ќе ги добиваме натпреварите со 3 или 4 гола разлика. Со Новара сакаме три бода, се спремаме добро за овој меч и ова е решавачки момент, не смееме да утнеме.
 
Договорот ви истекува во 2019-та, во текот на летото сите сакаа да ве ангажираат. На Торино му падна тешко што не успеа. Забранет сон?
 
Планот го правам ден за ден, во мојата иднина постои само Новара во моментов и сконцентиран сум да не кикснеме со кам бекот во Серија А. Ќе видиме што ќе се случи следно.
 
20 октомври 2017 - 14:44